Иран предлага отворање на Ормутскиот Теснец, прекин на нападите и одложување на преговорите за нуклеарната програма
Иран предложил договор до американскиот претседател Доналд Трамп со кој би се отворил Ормутскиот Теснец за пловидба и би завршила американската блокада врз Иран, додека преговорите за иранската нуклеарна програма би биле одложени за подоцнежна фаза, изјавил висок ирански функционер, пренесува Ројтерс.
Според предлогот, војната би завршила со гаранции дека Израел и САД нема повторно да го нападнат Иран. За возврат, Техеран би го отворил теснецот, а Вашингтон би ја укинал блокадата.
Потоа би следеле преговори за ограничувањата на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите, при што Иран бара САД да го признаат неговото право на збогатување ураниум за мирнодопски цели.
Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е мирнодопска, додека Вашингтон инсистира дека нема да стави крај на конфликтот без договор што ќе спречи Техеран некогаш да дојде до нуклеарно оружје.
Трамп вчера изјави дека „не е задоволен“ од најновиот ирански предлог, без да прецизира кои делови ги отфрла.
„Бараат работи на кои не можам да се согласам“, рече тој.
САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари. Иран возврати со сопствени напади врз Израел и врз земјите од Заливот кои се домаќини на американски бази. Американско-израелските напади врз Иран и израелските напади во Либан усмртија илјадници и раселија милиони луѓе.
Прекин на огнот беше воспоставен на 8 април со посредство на Пакистан, но преговорите што се одржаа во Исламабад кон средината на април не доведоа до договор. После тоа, Трамп, на барање на Пакистан, еднострано го продолжи прекинот на огнот на неодредено време.
Војната ги зголеми цените на нафтата и доведе до блокада на Ормускиот Теснец, клучна точка низ која поминуваат околу 20% од глобалните испораки на нафта и течен природен гас.
Трамп, кој даваше променливи рокови и цели за војната што останува непопуларна во САД, се соочи со широка осуда поради своите изјави за конфликтот, вклучително и кога минатиот месец се закани дека ќе ја уништи целата цивилизација на Иран.
Многу американски експерти минатиот месец изјавија дека американските напади врз Иран може да претставуваат воени злосторства, откако Трамп се закани дека ќе таргетира цивилна инфраструктура.
Последно, на вчерашниот брифинг одржан во Ситуациската соба на Белата куќа, беа разгледани опции, вклучително и „краток, но моќен бран напади“, доколку претседателот одлучи да ги продолжи воените операции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран предлага отворање на Ормутскиот Теснец, прекин…
Иран предложил договор до американскиот претседател Доналд…
Трамп се шегува дека американската морнарица ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп се пошегува во…
Ирански функционер: Можен е повторен конфликт со…
Иранскиот воен функционер Мохамед Џафар Асади изјави…
ФИФА и официјално потврди: Иран ќе игра…
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за време…
Хамнеи: Eдинственото место за Американците во Персискиот…
Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, изјави…