Иран предупредува на напад врз САД доколку се обидат да влезат во Ормускиот Теснец
Иранската војска соопшти дека ќе ги нападне американските сили доколку тие влезат во Ормускиот теснец, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе спроведе операција за извлекување на бродовите заглавени во овој воден пат.
Во соопштение на шефот на иранската централна команда се наведува дека ќе биде нападната „секоја странска вооружена сила“ што ќе се обиде да се приближи или да влезе во теснецот, особено „агресивната“ американска војска, пренесе Би-Би-Си.
Генералот Али Абдолахи изјави дека Иран повеќепати јасно ставил до знаење дека теснецот „е под контрола“ на иранските вооружени сили и дека безбедниот премин низ него мора во сите околности да биде координиран со Иран.
Американската војска предупреди дека разорувачи со ракети, повеќе од 100 копнени и поморски авиони, како и 15.000 припадници на службите, ќе ја поддржат операцијата „Project Freedom“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…