Објавено на:

Иран соопшти дека денеска очекува одговор од САД на предлогот за отворање на Ормуската Теснина

t

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека денеска очекува да добие официјален одговор од САД на предлогот на Техеран за отворање на Ормуската Теснина.

„Катарските медијатори презентираа идеи и ние ги разгледавме. Тие треба повторно да го иницираат прашањето со американската страна, по што конечниот одговор на САД ќе ни биде доставен преку катарскиот медијатор“, рече иранскиот министер за надворешни работи.

– Катарците се надеваат дека ова ќе се случи до утре (вторник, по локално време) – додаде тој.

Извор близок до иранскиот преговарачки тим во Њујорк вчера за иранската новинска агенција ИРНА изјави дека Арагчи, кој е во Њујорк каде што присуствува на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, ќе се сретне со катарскиот медијатор подоцна денеска.

Се очекува состанокот да биде посветен на најновите случувања околу размената на пораки меѓу Иран и САД.

Иран минатиот вторник јасно ги пренесе своите позиции и услови на американската страна преку посредништво на Катар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД предупредија на веродостојна закана од масовни…

Американската амбасада во Москва објави безбедносно предупредување…

ГАЦОВ: АЛТА банка Битола е македонска банка,…

АЛТА банка АД Битола е македонска банка…

Вучиќ: Можеби нема да учествуваме на претседателските…

Александар Вучиќ изјави дека постои можност Српската…

ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонецот Филипче да не прави паника…

СДС и Венко Филипче повторно ја активираат…

Украдени над 100 парчиња огнено оружје од…

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје биле…