Објавено на:

Иран со закани: Можеме да ги ракетиме Њујорк, Вашингтон, цела Европа…

t

Иранските ракети се способни да го погодат самото срце на Европа и на крајот би можеле да ги таргетираат американските градови од морето, се закани ирански пратеник. Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии и можност за повторно воведување санкции на ОН против Техеран, објави „Иран Интернешнл“.

Амир Хајат-Мокадам, член на парламентарниот Комитет за национална безбедност и надворешна политика, изнесе голем број тврдења за воените капацитети на неговата земја во интервју за порталот „Дидбан Иран“.

„Можеби нашата следна ракета ќе го погоди Вашингтон директно. Можеме да ја таргетираме Америка од морето. Воздухопловните сили на ИРГК работат веќе 20 години за да овозможат напад врз Америка од ирански бродови. Дури и ако сè уште не сме ја постигнале оваа технологија, таа е во наш дофат“, рече тој.

Тој објасни дека иранските бродови би можеле да се приближат на 2.000 километри од американскиот брег и да лансираат ракети од таму кон градови како Вашингтон и Њујорк, и покрај фактот дека САД се оддалечени 10.000 километри од Иран.

„Дури и сега, сите европски земји се во наш дострел. Со нашите постоечки ракети, можеме да ги погодиме Франција, Германија, Обединетото Кралство и цела Западна и Источна Европа“, додаде Хајат-Мокадам.

Можни санкции

Заканите доаѓаат во време кога Франција, Обединетото Кралство и Германија размислуваат за повторно воведување санкции на ОН врз Иран. Европските претставници го предупредија Техеран дека ова може да се случи оваа есен ако не соработува целосно со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Сепак, Хајат-Мокадам го намали значењето на ваквите мерки.

„Сите можни санкции веќе се воведени врз нашата земја. Едностраните и мултилатералните санкции на САД и Европа се веќе на својот врв. Затоа, новите заканимнема да донесат никакви нови негативни последици за иранската економија и е само политички потег“, рече тој, потсетувајќи дека Иран трпи санкции од 2018 година, кога тогашниот и сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, се повлече од нуклеарниот договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возачи го тужат Mercedes: Вжештеното AMG лого…

Неколку сопственици на Mercedes-AMG тврдат дека металното…

По пожарот во Волково, жителите бараат закон:…

Големиот пожар што денеска избувна во Волково…

Пресушија бунари во источна Хрватска, натоварени бродови…

Поради екстремната суша во источна Хрватска, бунарите…

Затвореник на викенд-отсуство ја нападнал мајка си,…

Четириесет и шестгодишен охриѓанец, кој издржувал затворска…

20-годишен припадник на албанската армија убиен во…

Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е…