Објавено на:

Иран тврди дека има загинати и ранети американски војници по нападите врз базите во Заливот – Вашингтон засега не потврдува

t

Иранските сили извршиле напади со беспилотни летала врз американски воени цели во Бахреин и Кувајт, во услови на нова ескалација на конфликтот во регионот.

Иранската армија соопшти дека цел на нападите во Кувајт биле системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, како и платформи за лансирање беспилотни летала и ракети во воздухопловната база Али ал-Салем. Кувајт потврди дека неговата противвоздушна одбрана пресретнувала непријателски дронови.

Во меѓувреме, извор близок до претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, тврди дека „бројни американски војници се загинати и ранети“.

На социјалните мрежи се појавија и информации дека американски медицински транспортен авион Ц-17, со ознака „BNDGE01“, полетал од воздухопловната база Рамштајн во Германија, наводно за да ги преземе повредените војници од Блискиот Исток.

Сепак, засега нема независна потврда дека летот е поврзан со евакуација на жртви, ниту официјална потврда од американската војска за загинати или повредени припадници на нејзините сили.

Американската Централна команда претходно соопшти дека дроновите насочени кон американски радарски систем во Бахреин биле пресретнати и дека нема повредени американски војници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран тврди дека има загинати и ранети…

Иранските сили извршиле напади со беспилотни летала…

Пакистански државјанин осуден на 27 и пол…

Пакистанскиот државјанин, 48-годишниот Асиф Мерчант, е осуден…

ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН: „ЌЕ…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…

(Видео) АНБ ОТКРИ ИРАНСКА ПРОКСИ МРЕЖА ВО…

АНБ во соработка со МВР откри и…

Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…

Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…