Ирската европратеничка Дејли упати поддршка за кандидатурата на Ванковска

t

Ирската европратеничка Дејли упати најдобри желби и поддршка за кандидатурата на професорката Билјана Ванковска поддржана од Левица.
„Ирска е неутрална земја на периферијата на Европа, на некој начин слична на Македонија. Иднината за нас е можна само преку мирни односи со соседите и е исклучително важно за нас да мали земји кои имаат “традиција на неврзаност” настапат на европската сцена со глас на мир, глас на дипломатија и добри односи со сите соседи!” – изјави Клер Дејли.


По тврдењето дека фокусот на Европа е веќе изместен од заложбите за доброто на граѓаните и сега ја застапува олигархијата, европратеничката го заврши својот говор со зборовите „Ги праќам најтоплите поздрави до Билјана, се надевам дека исходот на изборите ќе е таков што Македонците ќе се гордеат со изборот. Ти го посакувам најдоброто во претседателската кампања и ви порачувам на сите вас да излезете и да ја поддржите професорката Ванковска!”
Популарната независна левичарка Клер Дејли и нејзиниот колега Мик Валас лани во декември инаку беа гости на пленумот на Левица во Скопје, каде европратеничката оддржа вирален говор од кој одекна: „Ужасно е тоа што од Македонија побараа да го смени името и да си ја негира историјата”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…