Исламска држава презеде одговорност за бомбашкиот напад во Кабул
Исламска држава презеде одговорност за бомбашкиот напад врз комбе што превезуваше патници во Кабул, при кој загина една жена, а три лица се повредени.
Ова е втора експлозија за два дена во Кабул, каде расте загриженоста за безбедноста воочи Рамазан Бајрам, што денеска, првпат по 20 години, ќе биде одбележан под власта на талибанците.
Пред два дена настрадаа повеќе од 50 луѓе во силна експлозија во џамија во Кабул. За нападот сè уште никој нема преземено одговорност.
Исламска држава презеде одговорноста за неколку бомбашки напади во изминатите недели, особено ние насочени кон шиитските и суфиските малцински заедници во Авганистан
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…
Израел започна воздушни напади врз централен и…
Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…
Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…
Нарачал производи, па го ограбил и натепал…
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…
Саудиска Арабија го осуди иранскиот напад врз…
Саудиска Арабија го осуди утринскиот ирански напад…