Исмаил: Во Втората македонска бригада учетвувале еден куп Албанци, а Демачи е УЧК, колаборационист на фашистите!
Волјата на граѓаните на сегашната улица “Адем Демачи”, дали сакаат така да се вика улицата никогаш не е измерен, но и да е, ваша одговорност е да ги едуцирате граѓаните за интересот на Република Македонија, истакна денеска советникот од редовите на Левица во Советот на Град Скопје, Реџеп Исмаил.
– Во Втората македонска бригада има еден куп Албанци, а Адем Демачи е портпарол на УЧК, не се работи за политичка, туку за идеолошка разлика, едните се партизани, другите се колаборационисти на фашистите.
Не знам како ова име е поминато на Владата, член 6 од Законот вели дека не можат да се определат имиња на инфраструктурен објект, улица, мост и слично со кој се навредува угледот на РМ, се навредуваат националните чувства на граѓаните на РМ, на националните малцинства и исто така име кое го нарушува односот меѓу заедниците. Албанците тука имаат историја која не е поврзана со Адем Демачи, истакна Реџеп Исмаил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најава за нови апсења на Косово, дали…
Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…
Меџити: Разочарувачка е и длабоко неправедна пресудата…
Меџити наведува дека „пресудата на Хашкиот трибунал…
ВЛЕН: Пресудата против поранешните водачи на ОВК…
Со длабоко жалење и огорченост ја примивме…
„Неправедна и длабоко разочарувачка“: Ахмети за пресудата…
Али Ахмети ја оцени денешната пресуда за…
Ветераните на ОВК денес протестираат пред косовското…
Организацијата на воени ветерани на ОВК остро…