Исплатени субвенциите за пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репа и афион, како и за предадено овошје

t

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека се исплатени субвенциите за мерките 1.3 и 1.10 од Програмата за 2023 година. Средствата, информира, од денеска веќе ќе им бидат на располагање на земјоделците.

Според Трипуновски, денеска се исплатени 252.234.467 денари за мерка 1.3 кон 4 328 земјоделци за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репа и афион од Програмата за 2023 година и 14.743.587 денари за мерка 1.10 кон 293 земјоделци за предадено овошје на домашни преработувачи од програмата за 2023 година.

-Остварено е уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со чесна, одговорна и посветена работа ќе стигнеме до целта, а тоа е задоволни земјоделци, напомена Трипуновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Газа е најнехуманиот, најсрамниот концентрационен логор…

Турскиот претседател Таип Ердоган денес пред Генералното…

Макрон од говорницата на ОН предупреди дека…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во своето…

(Видео) Струмичката полиција откри нелегална плантажа и…

СВР Струмица реализираше акција во подбеласичкиот регион…

Недостиг на дел од горивата на француските…

Дел од бензинските пумпи во Франција остануваат…