Истанбул го симна Хитроу од европскиот врв и стана најпрометен аеродром
Лондонскиот Хитроу ја загуби позицијата на најпрометен аеродром во Европа, откако во јули аеродромот во Истанбул регистрираше повеќе патници. Во текот на јули, низ терминалите на Хитроу поминале 7,86 милиони патници, додека истанбулскиот аеродром опслужил 8,15 милиони патници. За една година, патничкиот сообраќај на Хитроу е намален за 1,5 отсто, додека Истанбул забележал раст од 2,3 отсто.
Еден од факторите што влијаеле врз резултатите на лондонскиот аеродром е падот на сообраќајот кон Блискиот Исток. Бројот на патници на тие линии во јули бил за 20,2 отсто помал во споредба со истиот месец минатата година. Од Хитроу велат дека најновите бројки ја нагласуваат потребата од проширување на аеродромот. Двете постојни писти работат блиску до максималниот капацитет, поради што Лондон планира изградба на трета писта- објави Гардијан.
Со проширувањето, годишниот капацитет на Хитроу би можел да порасне од околу 85 милиони патници, колку што биле регистрирани во 2025 година, на потенцијални 150 милиони патници.
Хитроу со децении беше водечки европски аеродром. Титулата на најпрометен аеродром во Европа ја имаше од 1996 до 2019 година, пред пандемијата и ограничувањата во воздушниот сообраќај да ја прекинат доминацијата. Лондонскиот аеродром повторно го зазеде првото место во 2023 година, но сега Истанбул успеа да го надмине.
Истанбулскиот аеродром е значително понов – отворен е во 2018 година, кога започна постепено да го презема сообраќајот од стариот аеродром „Ататурк“. Денес тој е еден од клучните воздушни центри што ги поврзуваат Европа, Азија и Блискиот Исток.
Со повеќе од осум милиони патници само во јули, Истанбул испрати јасна порака дека битката за титулата најпрометен европски аеродром повеќе не е резервирана само за традиционалните авијациски гиганти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Либија полн резервоар гориво чини колку…
Либија има една од најниските цени на…
Германските истражители идентификувале осомничени за нападот со…
Германските истражители идентификувале двајца мажи кои се…
Односите меѓу Москва и Берлин се на…
Некогашните односи за пример меѓу Русија и…
Големо невреме со град и силен ветер…
Силно невреме проследено со интензивен пороен дожд,…
Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува…
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормутскиот Теснец…