Истече рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ
Од полноќ заврши регистрацијата на членовите за внатрепартиските избори во СДСМ. Според информациите, за гласањето за нов лидер на 30-ти јуни се пријавиле над 20 илјади членови. Изборите ќе одлучат за новиот лидер на партијата,а кандидати се Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски.
Пратеникот Фатмир Битиќи во интервју за РСЕ изјави дека еден од кандидатите за претседател на партијата претходно бојкотирал, не ги поддржувал партиските активности и не ги дели социјалдемократските вредности. Тој самиот размислувал да се кандидира за претседател на СДСМ ама решил дека на партијата не и се потребни дополнителни поделби.
За избор на новиот претседател не е предвиден цензус, а за избран лидер на партијата ќе се смета оној кој ќе ја добие поддршката од мнозинството членови кои гласале на внатрепартиските избори.
Изборниот процес ќе биде организиран од Централната изборна комисија со помош на 80 општински комисии.
Претстојните избори ќе бидат трети внатрепартиски избори на кои претседателот на СДСМ ќе се бира со непосредно гласање на членството. По нивното воведување, првите се одржаа во март 2021 година кога екс-лидерот Зоран Заев доби нов мандат. Меѓутоа, за помалку од една година следуваа и вторите на кои победи Ковачевски откако токму Заев поднесе оставка по поразот на локалните избори во октомври 2021 година.
Партијата која беше на власт во последните речиси седум години, на изборите доживеа пораз и освои само 18 пратенички мандати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…