Објавено на:

Истокот и Западот војуваат преку Србија, вели Вучиќ

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за „Ројтерс“ изјави дека Србија е сцена за прокси војна меѓу Истокот и Западот.

Во интервјуто за овој британски медиум, кое се случи еден ден откако противниците на Еуропрајд маршираа на улиците, шефот на српската држава рече дека Белград се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу неговата амбиција за влез во Европската унија и врските со Русија и Кина.

„Не можам да кажам дека тоа (протестот) беше прокси напад, бидејќи таму имаше многу обични луѓе… но дали има таков конфликт во Србија – има, без сомнение. Тука има индиректен конфликт меѓу Истокот и Западот“, рече тој.

Ројтерс потсетува дека Србија е кандидат за влез во Европската унија и дека ЕУ е нејзин најголем трговски партнер и инвеститор. Авторот на текстот ја нагласува воената неутралност на земјата, но забележува и дека Србија одржува врски со НАТО и купува оружје од земјите членки, но и дека речиси целосно живее од руски гас и дека во минатото купувала оружје и од Русија.

Понатаму во текстот се наведува дека Кина е голем инвеститор во Србија и дека парите главно ги вложува во рударството и инфраструктурата. Ројтерс потсетува и дека Србија во Обединетите нации ја осудила руската инвазија на Украина, но дека одбила да се приклучи на санкциите против Москва.

„Се обидуваме да преживееме…со што е можно помалку рани и лузни“, рече Вучиќ, кого Ројтерс го опишува како поранешен националист кој ја прифатил проевропската политика.

Зборувајќи за ситуацијата на Косово, Вучиќ рече дека не верува оти властите во Приштина сакаат „сериозен разговор или сериозен дијалог“, но веруваат дека можат да ги наметнат своите планови со поддршка на Западот.

„Верувам дека оние земји кои ја штитат таканаречената независност на Косово ќе го убедат режимот во Приштина да не си игра (со) конфликтот во регионот, кој секако е полн со проблеми“, изјави тој и додаде дека во наредните недели дополнителни разговори и шатл-дипломатија на претставниците на ЕУ и САД со цел да се реши проблемот со автомобилските таблички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во центарот на српските вооружени сили во…

Во центарот на српските вооружени сили за…

Вучиќ: Македонците се наши браќа и пријатели,…

Во интервју за државната српска телевизија РТС,…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Вучиќ: Ќе мора да увезуваме работна сила…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во…

Закани по животот на Вучиќ: „Атентатот на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи…