Објавено на:

Истополовите партнери во Словенија ќе може да посвојуваат деца

t

Уставниот суд на Словенија денеска ги оцени за неуставни законските одредби според кои само лица од различен пол можат да имаат деца, што, како што велат, претставува дискриминација на истополовите заедници.

Според објавената пресуда на Уставниот суд, законодавецот доби рок од шест месеци да ја отстрани таа неуставност, односно да ги измени законските одредби поврзани со оваа тема.

Според оваа одлука, брачна заедница се смета за животна заедница на две лица без разлика на полот, а истополовите партнери кои живеат во партнерство можат да посвојуваат деца под исти услови како и брачните парови од различен пол.

– Беше најавено дека тоа не значи дека истополовите партнери ќе имаат „апсолутно право“ да посвојуваат дете во иднина, туку дека ќе им биде дозволено да бидат вклучени во листата на кандидати за посвојување, а изборот на најпогодни кандидати ќе продолжат да прават надлежните центри за социјална работа, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшна статистика: Семејствата со помали деца најмасовно…

Бројот на лицата кои ја напуштаат Македонија…

(Видео) СТРАШНО НЕВРЕМЕ во Словенија и Србија…

Невреме денеска имаше и во Словенија. Регистрирани…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Снег во Хрватска и Словенија

Во поголем дел од Хрватска пристигна најавената…

Речиси 8.000 мигранти илегално влегле во Словенија…

Предлогот за формирање нови центри за азил…