Историски момент во мак-фудбалот: Жена ќе биде главен судија!
Најдобрата македонска судијка, Ива Пројковска, ќе стане дел од историја во домашната Прва лига, бидејќи ќе стане првата жена, која е главен судија на натпревар од македонското првенство.
Пројковска ќе ја дели правдата на средбата во Тетово, меѓу Шкендија и Победа, а Гоце Перески и Дејан Костадинов ќе ѝ бидат помошници.
Пројковска стана првата македонска судијка со амблемот на ФИФА, веќе суди натпревари во женската Лига на шампионите и тоа го има добиено товарот на одговорноста во елиминациската фаза (четврт-финале меѓу Арсенал и Волфсбург), а беше четврта судијка на неколку натпревари од Европското првенство за жени, минатото лето.
Мечот во Тетово ќе се одигра в недела, како и повеќето други од претстојново 25. коло. Дуелот меѓу Струга и Академија Пандев ќе го суди Јосип Бартон, Стојанче Стојанов ќе биде арбитар меѓу Шкупи и Скопје, а во Штип, Александар Грујоски ќе биде во центарот меѓу Брегалница и Тиквеш. На единствениот саботен дуел, меѓу Работнички и Македонија ЃП, правдата ќе ја дели Александар Ставрев.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…