Историјата повторно на маса: Ќе се разгледуваат бугарските забелешки на нашите учебници

t

Во Скопје денеска продолжува втората од предвидените пет средби за оваа година на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. На дневен ред се забелешките дадени од бугарската страна за средовековниот период за нашите учебници по историја за седмо одделение, откако беа разгледани македонските забелешки за бугарските учебници за шестто одделение.

Копретседавачот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија, Драги Ѓоргиев за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите.

Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев вели дека тоа ќе се отвори на овој состанок, доколу остане време.

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера го повтори ставот, изнесен на состанокот во понеделникот во Софија на шефовите на влади на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа, на кој присустуваше и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, дека очекува во најскоро време заедничката историска комисија на Македонија и Бугарија да излезе со резултати.

Според најавите, во текот на 2022 година би требало да се одржат 5 средби на Комисијата. Досега Историската комисијата има дадено препораки до владите во Скопје и Софија за заедничко чествување на 5 личности – Цар Самоил, браќата Кирил и Методиј и Свети Климент и Свети Наум Охридски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…