Истрага за насилство во Кисела Вода: Додека си седеле пред маркет почнале да ги удираат со бехатонки

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело – Насилство според член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

На 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, осомничениот заедно со уште неколку непознати лица извршил грубо насилство врз двајца оштетени, а кај 10-годишно дете сведок на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Додека оштетените седеле пред маркетот, осомничениот со неколку непознати лица ги нападнале и започнале да ги удираат со тврди предмети – бехатонски плочки, нанесувајќи му тешки телесни повреди на едното и телесни повреди на другото нападнато лице.

Со цел непречено водење на постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање на патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…

26-годишен жител на Кочани се соочува со…

Стотици илјади Украинци останаа без струја по…

Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…

Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…

Во пукање на главниот плоштад во Краков,…

Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…

Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…

„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…

„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…