Истрага против две лица за илегална трговија со дрога во Скопје, едното е во бегство
Скопското Обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – 19 – годишник и 53 – годишна жена кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции.
По добиени информации од двајца сведоци, полицијата во текот на вчерашниот ден најпрвин извршила претрес во стан во кој престојувал осомничениот и пронашла вкупно 16 пакувања наркотична дрога – марихуана со нето маса од 23,95 грама и 0,24 грама кокаин.
Потоа, сведоците посочиле дека повремено осомничениот ги упатувал да набавуваат наркотична дрога и од неговата соизвршителка со која заедно се договориле да држат наркотична дрога марихуана и кокаин за неовластена продажба.
Во домот во кој привремено престојувала осомничената исто така бил извршен претрес, а полициските службеници пронашле уште 279,3 грама марихуана, 16,43 грама кокаин, како и дигитални ваги и други предмети со траги од наркотична дрога.
Осомничената е лишена од слобода, додека осомничениот е во бегство. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата.
Притворската мерка е определена, а за осомничениот по кој се трага ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени четворица осомничени за смртта на двајца…
Четворица приведени под сомнение дека сториле две…
Инцидент во центарот на Скопје – Оштетен…
На 27.10.2026 во 20:00 часот во СВР…
Кривична за директорот на Комуналното од Делчево…
Директор на јавно претпријатие во Делчево заработи…
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Бебето Хана едвај преживеа,…
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Јас сум мајката на…
Индискиот извоз на оружје во Европа пораснал…
Индија од 2023 година наваму продала на…