Истрага против две лица за илегална трговија со дрога во Скопје – определен е притвор

t

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица –  19 – годишник и 53 – годишна жена кои заедно се осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

По добиени информации од двајца сведоци, полицијата во текот на вчерашниот ден најпрвин извршила претрес во стан во кој престојувал осомничениот и пронашла вкупно 16 пакувања наркотична дрога – марихуана со нето маса од 23,95 грама и 0,24 грама кокаин.

Потоа, сведоците посочиле дека повремено осомничениот ги упатувал да набавуваат наркотична дрога и од неговата соизвршителка со која заедно се договориле да држат наркотична дрога марихуана и кокаин за неовластена продажба.

Во домот во кој привремено престојувала осомничената исто така бил извршен претрес, а полициските службеници пронашле уште 279,3 грама марихуана, 16,43 грама кокаин, како и дигитални ваги и други предмети со траги од наркотична дрога.

Осомничената е лишена од слобода, додека осомничениот е во бегство. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата.

Притворската мерка е определена, а за осомничениот по кој се трага ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопругата на Апасиев за Каевски, Димевски и…

Циркус за народ, по шаблон, крупните риби…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Се проверуваат можни нерегуларности во Делчево, Македонска…

„Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ…

Лажно се претставувал како вработен во АНБ…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…