Објавено на:

Истрага против скопјанец: Пронајдено големо количество оружје и муниција

t

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец кај кого беше пронајдено големо количество оружје и муниција.

Како што соопшти Обвинителството, при претрес во домот во кој привремено престојувал 35-годишниот скопјанец, полицијата под креветот пронашла автоматски пиштол „Застава М84 – Скорпион“ со калибар 7,65 мм, кој како оружје им е целосно забранет на граѓаните, како и рамка за тој пиштол. Освен тоа, бил пронајден уште еден пиштол и 72 куршуми со различен калибар, ловна пушка и 14 патрони ловна муниција. При претрес, пак, во станот во кој осомничениот имал пријавена адреса на живеење биле пронајдени уште 500 куршуми мало зрно со калибар 4 мм.

-Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува постапката со влијание врз сведоците и опасност да го повтори делото, информира Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…