Истражување на ОН: Греењето на домовите е главна причина за загадување на воздухот во регионот

t

Регионалниот директор на Програмата на Обединетите нации за животна средина, Бруно Пози вели дека нивните истражувања поврзани со земјите од овој регион, покажуваат дека греењето на домовите е главната причина за лошиот квалитет на воздухот.

„Локалните и државните власти прво треба да обрнат внимание на загадувањето што доаѓа директно од домовите, а потоа да се справат со она што е предизвикано од сообраќајот, со ревизија на урбанистичкото планирање“,изјави Пози за весникот „Данас“.

Тој изјави и дека одговорност треба да понесат и земјите кои извезуваат половни автомобили во земјите во регионот.

„Со цел да се ослободат од стариот материјал што не е во согласност со нивоата на емисии во нивните земји, тие го испраќаат и го продаваат во земји каде што законодавството е пофлексибилно“, рече Пози, истакнувајќи дека загадувањето е меѓународно прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска за Апасиев: ЕДИНСТВЕН по своите квалитети…

Димитар Апасиев го познавам од неговите студентски…

МНР ќе упати порака за претпазливост до…

Нема нови пријави од наши граѓани кои…

НИ ДОАЃА ЛАЗАРОВА САБОТА: Наберете го ова…

Следната недела е Лазарова Сабота, еден од…

Уапсени двајца струмичани, едниот доброволно ја предал…

Две лица од струмичко се уапсени за…

Стано: Косово мора да ја формира Заедницата…

Бриселскиот договор склучен меѓу Белград и Приштина…