Италијанската полиција спречи хакерски напади на проруски групи за време на Евровизија
Италијанската полиција спречи хакерски напади на проруски групи за време на полуфиналето на 10 мај и вчерашното финале на Евровизија во Торино.
Полицијата соопшти дека ублажила неколку сајбер напади од хакерската група Килнет и нејзината Легија врз мрежната инфраструктура за време на гласањето и настапот на натпреварувачите.
Килнет на 11 мај објавија дека нападнале веб-страници на неколку италијански институции, вклучително и Сенатот, Горниот дом на италијанскиот парламент и Националниот институт за здравство (ISS), објави новинската агенција АНСА. Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, многу западни влади го подигнаа нивото на тревога поради можни сајбер напади врз ИТ системи и инфраструктура.
Украинската група Калуш Оркестар победи на Евровизија, со бран поддршка од јавноста, а победата ја поздрави и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Eвровизија воведува ново правило: земји во вооружен…
Организаторите на Eвровизија во средата објавија промена…
Македонија од следната година се враќа на…
Македонија планира да се врати на Евровизија…
Словенија нема да учествува на Евровизија доколку…
Словенија не планира да учествува на Евровизиja…
Австрија победи на Евросонг 2025 во Базел
Австрија победи на Евровизија 2025. Победата ја…
Учесниците на Евровизија не смеат да веат…
Европската радиодифузна унија (ЕБУ) воведе нови, построги…