Италија го одби предлогот на Франција и Обединетото Кралство за праќање на војска во Украина
Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли понудата на Велика Британија и Франција да испратат италијански воен контингент во Украина како дел од европските сили, пренесува Раи 1.
„Рековме дека нема да испраќаме италијански војници во Украина“, рече таа.
Мелони, исто така, истакна дека се сомнева во ефективноста на предлозите на ОК и Франција.
Претходно францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се согласил со британскиот премиер Кир Стармер за планот за 30-дневен прекин на огнот во Украина.
Договорот, како што тврди политичарот, вклучува неколку точки. Поточно, се зборува за прекин на огнот „во воздух и во море“, а потоа и за воведување мировни сили во земјата.
Сепак, Блумберг подоцна објави дека Париз и Лондон не можеле да се договорат за временската рамка за прекин на огнот во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Насилни протести во Италија: полицијата употреби…
Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…