Објавено на:

Италија се подготвува за евакуација на илјадници луѓе: Супервулкан кај Неапол шири страв!

t

Италијанската влада размислува за масовна евакуација на десетици илјади луѓе кои живеат околу супервулканот Кампи Флегреј во близина на Неапол поради честите земјотреси во областа.

Владата најави и дека ќе разгледа нови мерки во следните три месеци, вклучително и план за проверка на јачината на зградите во областа, по земјотресите кои се повторуваат со месеци.

Вулканот Флегрански полиња се наоѓа западно од Неапол и во таа област има многу места во кои живеат повеќе од половина милион луѓе, пренесува Guardian.

Само во септември се случија повеќе од 1.100 земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,2 степени пред една недела, и тоа беше најсилен во последните четири децении.

Вулканската област има 24 кратери и е поголем вулкан од Везув.

Експертите велат дека зголемената сеизмичка активност е веројатно поврзана со феноменот познат како брадисеизам, кога земјата се крева или паѓа, во зависност од циклусите на полнење или празнење на подземните комори на магмата.

Не постои непосредна опасност од ерупција, велат повеќето вулканолози, но со оглед на тоа што тлото моментално се подигнува за 1,5 см месечно, постои загриженост за влијанието врз локалните згради.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

Арсовска: Во право е Кочоска, не нѐ…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…