ИТАЛИЈА ЌЕ ГРАДИ НУКЛЕАРКА ВО АЛБАНИЈА? Таму немало кој да се буни
Италијанската премиерка Џорџа Мелони, која пред три дена допатува во Валона, како што беше најавено на неколкудневен одмор со семејството, имала неформална средба со домаќинот Еди Рама, со кого разговарала за изградба на нуклеарна централа во Албанија, јави Евроњуз Албанија.
Според истиот извор „овој потег доаѓа бидејќи на Италија и е потребно снабдување со енергија“.
-Тоа не беше само покана што Рама ја упати до Мелони, туку беше и работна агенда која започнува не само за тоа што и треба на Италија, за да се гарантира безбедноста на снабдувањето со енергија, во текот на следните месеци. Италија настојува да го затвори јазот создаден поради воведувањето на руските санкции. Италија се обидува да го затвори овој јаз со создавање нуклеарна централа – јави телевизијата повикувајќи се на италијанските медиуми.
Според истиот извор, тоа не е изненадувачка идеја бидејќи „Албанија е земја блиска до Италија и земја во која може да се изгради нуклеарна централа без да има политичка и медиумска тензија од страна на италијанските граѓани и со фактот дека може да направи голема инвестиција во земја како Албанија“.
-Рама и Мелони разговарале и за политичките прашања што ги засегаат двата брега на Јадранот, присуство на италијански претприемачи, имиграцијата, војната во Украина, иднината на Албанија во ЕУ. Разговарано беше и прашањето за подводниот гасовод на Јадранот, како и туристичкиот бум што донесе стотици илјади Италијанци на одмор во Албанија, наведуваат медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…
15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…
Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…