Итни евакуации и во близина на Атина, пет големи пожари ја зафатија Грција

t

Грција се бори со пет големи пожари низ целата земја, а властите ги евакуираат жителите во тешко погодениот регион само 30 км северно од главниот град Атина.

Мирисот на запалено дрво се прошири до центарот на Атина, бидејќи Грција побара помош од Европската Унија за борба против пламените јазици што се ширеа, пишуваат странските медиуми, според Телеграф.

Тековната вонредна состојба доаѓа во услови на силен топлотен бран.

Се предвидува дека температурите ќе достигнат до 44 степени Целзиусови (111,2 Фаренхајт) во недела, а екстремната топлина се очекува да продолжи во текот на поголемиот дел од викендот.

„Имаме повредени пожарникари, животи се изложени на ризик, изгорени имоти и уништени шумски површини“, рече грчкиот министер за климатски кризи и цивилна заштита, Јанис Кефалогјанис.

Како што е дополнително наведено, силните ветрови и високите температури ги разгореа пожарите.

Во меѓувреме, Грција официјално побара помош од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ за шест дополнителни авиони за гаснење пожари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…

Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…

Стотици луѓе на улиците во Атина поради…

Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…

Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…

Хакери ја поставиле температурата на ладилниците на…

Едно утро, во месарница во Кифисија, северно…