И Агелер потврди дека Лимани не добил виза! Непријатна атмосфера пред „најамериканскиот“ премиер во историјата на Македонија

t

Амбасадорката на САД во Скопје, Ангела П. Агелер, прашана зошто му е одбиена американска виза на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани изјави дека не може да каже деатли строгите закони за приватност, но нагласи дека министерот може да одговори, бидејќи Амбасадата го информира барателот за виза за секоја одлука.

„Значи, имаме строги закони за приватност во Соединетите Американски Држави, така што не можам да разговарам за никакво прашање за виза, за кој било поединец, би ве упатил кај министерот, да разговараме за тоа што се случило, но едноставно ќе ви кажам дека со секој апликант за американска виза, процесот му се објаснува на поединецот и ако има нешто дополнително, тоа е исто така објаснето“, рече меѓу другото Агелер.

Во Центарот за обука на МВР во Идризово денеска се одржа свеченост по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ).

На настанот се обрати премиерот Христијан Мицкоски и амбасадорката на САД Анџела Агелер. Одговорот на амбасадорката беше токму пред премиерот па така тој се најде во многу непријатна ситуација имајќи во предвид дека сакаше во јавноста оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ да се продаде како најпроамериканска Влада во историјата на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…