И Азири го подбра Таравари: Алијанса да излезе самостојно на избори!

t

По повикот на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, до Собранието на неговата партија да стане дел од албанската опозиција, имаше реакции од членовите телата на партијата.

Министерот за правда Кренар Ллога порача дека Алијансата за Албанците треба да излезе сама на изборите.

Потпретседателот на Алијанса, Елми Азири во објава на Фејсбук рече дека комуникацијата на Таравари со сопартијците преку социјалните мрежи изгледа чудна.

„Чудна комуникација на претседателот на партијата со партиските органи преку социјалните мрежи! Партиските органи се легитимно избрани! Нивната суспензија од социјалните мрежи не му служи на духот на Алијанса што ја изградивме! Понуди за коалиции досега не стигнале до партиските органи! Единствената одлука на партиското раководство е Алијансата да излезе сама на изборите!“, пишува Елми Азири, потпретседател на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Изет Меџити ја повикува Алијанса за Албанците…

„Јас сум убеден дека ако останат со…

Русија и Кина формираат енергетска алијанса

Русија и Кина се во процес на…

Таравари избран за редовен професор на Meдицинскиот…

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен…