И активистката Мерсиха Смајловиќ ќе собира потписи за претседател на Македонија

t

Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) е кандидатка за претседател на Република Македонија на Претседателските избори 2024. Во јавноста е позната како граѓанска активистка во борба за човековите права.

На прес-конференција на која беше промовирана нејзината кандидатура, таа рече дека иако првпат бошњачката заедница има свој претседателски кандидат, нејзината етничка припадност не ја одредува во политички контекст и нејзината програма и заложби ќе бидат за подобра иднина на сите луѓе во нашето мултиетничко општество и дека и фокусот во кампањата ќе биде на сите граѓани на државава.

-Впрочем, својот активизам сум го докажала и партијата со своите заложби докажала дека нашите напори ќе бидат за сите граѓани на оваа држава. Мојата замисла и замислата на партијата е оваа кампања да ги претстави сите важни проблеми и предизвици коишто ги имаат граѓаните на нашата држава и да понудиме реални решенија коишто ќе бидат вистинити и функционални, а не само политички памфлети коишто ќе го поминат денот. Наша цел во текот на кампањата е да ги слушаме граѓаните, како што ги слушавме во изминатиот период, и да одговориме на нивните наједноставни прашања кои го засегаат нивниот живот. Да го направиме животот подобар за сите нив и да нудиме перспективи коишто ќе го направат многу поедноставен животот и многу поприфатлив, рече таа.

Незјината идеја на внатрешен план е да се зајакне кохезијата, а на надворешен план да се зајакнат добрососедските односи и односи со стратешките партнери, исклучиво од тоа што е во интерес на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…