И БЕСА сега бара уставни измени!

t

Заменик-претседателот на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, на денешната прес-конференција рече дека овој политички субјект во случај на отворање на Уставот ќе инсистира дефиницијата за Албанците како 20 отсто да се тргне од Уставот, пренесува ТВ21. Хоџа рече дека ова е погрдно.

„Тоа е деградирачка форма на претставување со процент на Албанци во Уставот, апсолутно дека при секое отворање на Уставот ќе го покренуваме ова прашање и ќе се обидеме да го елиминираме. Но, нормално Уставот бара 80 гласа за што е потребен поширок консензус. “, рече меѓу другото Хоџа.

Запрашан дали се подготвени да разговараат со ВМРО-ДПМНЕ за да обезбедат 80 гласа за уставни измени, Хоџа рече дека се подготвени да изнесат аргументи пред сите политички субјекти во државата.

„Подготвени сме да седнеме со сите да ги изнесеме нашите аргументи, верувам дека тоа е ставот на другите опозициски политички партии и мислам дека ќе се најде подготвеност, бидејќи толку многу беше апсорбирана како тема и мислам дека не Повлекувањето на 20 отсто како законски термин ќе го зголеми кредибилитетот меѓу заедниците, рече меѓу другото Хоџа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…