И Бугарија доби изземање од ембаргото на руската нафта
Бугарија е четвртата членка на Европската Унија на која ѝ е одобрено изземање од ембаргото на руската нафта. Премиерот Кирил Петков кажа дека тоа ќе важи до крајот на 2024 година.
„Повеќе детали ќе бидат објавени во следните денови“, кажа Петков во Брисел.
Тој појасни дека изземањето ќе ѝ овозможи на бугарската рафинерија да го прилагоди работниот процес на друга нафта.
„Мило ми е што помина шестиот пакет санкции, зашто ќе запре приливот на финансиски средства за Русија“, изјави Петков.
Русија претходно престана да ѝ испорачува гас на Бугарија, откако таа одби да плаќа во рубли за него.
Членките на ЕУ договорија компромисна забрана за увоз на 90% од руската нафта, а исклучок беше направен за цевководот „Дружба“, преку кој се снабдуваат Унгарија, Чешка и Словачка. Овие три земји беа најгласните противници на ембаргото, бидејќи се најзависни од руската нафта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…
Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…
54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка
На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…
ФЗО: Од утре лекот Myfortic без доплата
Пациентите со трансплантирани органи од утре ќе…
Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во…
МВР информира дека синоќа во 20:00 часот…
ЕУ испраќа претставници во Кина за да…
Група претставници на ЕУ во наредните денови…