Објавено на:

И Бугарија има со што да “се гордее”: Бугарската криптокралица Ружа меѓу десетте најбарани криминалци во САД

t

ФБИ нуди награда од 100.000 долари за каква било информација за Игнатова, но предупредува дека таа веројатно се шета со вооружена придружба

Ружа Игнатова, мистериозна Бугарка на возраст од четириесеттина години, е вклучена меѓу десетте најбарани лица на американската федерална полиција поради тоа што измами со криптовалути собрала повеќе од 4 милијарди долари.

Игнатова во 2014 година ја основала криптовалутата „уанкоин“ и организирала пирамидална шема преку која инвеститори биле мотивирани да ја продаваат и да ја шират мрежата за да стекнат повеќе виртуелни пари на својата сметка.

Реагирајќи на пријави за можна измама, ФБИ почнала да го истражува случајот и во 2017 утврдила дека криптовалутата е безвредна, зашто воопшто не е поврзана со технологијата блокчејн заради заштита. Веднаш бил потпишан налог за апсење на Игнатова, но таа исчезнала во октомври 2017 година. Последен пат била забележана како се качува во авион на лет од Бугарија до Грција и оттогаш нема ниту една трага што води до неа.

ФБИ сериозно му пристапува на случајот, зашто смета дека Игнатова извлекла од шемата 500 милиони долари, со кои ги плаќа анонимноста и заштитата.

За да ја засили потрагата, федералната полиција завчера понуди награда од 100.000 долари за каква било информација што би придонесла за апсење на Игнатова.

„Исчезнатата криптокралица“ сега е промовирана како единствената жена меѓу десетте најбарани луѓе во Америка. Во потерницата се предупредува дека осомничената веројатно се движи во придружба на вооружени телохранители или соработници.

Репортерот на Би-би-си Џејми Бартлет, чии лични истраги придонесоа да се открие измамата со „уанкоин“, е убеден дека Игнатова се потрудила да си го промени личниот опис и патува со фалсификувани документи со висок квалитет, кои тешко може да се откријат. Бартлет не ја исклучува ни можноста дека Игњатова повеќе не е меѓу живите.

Во 2019 година Игнатова била обвинета за осум дела за измама. Таа ја спровела шемата во перфектно време, во раната ера на криптовалутите, кога луѓето лесно го прифаќале ризикот да вложат пари во систем што им нуди астрономски профит, без да го разберат целосно концептот на криптовалути и на блокчејн. Џен Мекадам, една од многуте жртви на пирамидалната шема, изјави дека во 2019 година заедно со роднини и пријатели вложила 250.000 евра во „уанкоин“.

Госпоѓата од Глазгов добила порака од пријател за „инвестициска можност што не смее да ја пропушти“, по што преку интернет се вклучила на промотивен семинар на кој сите учесници со голем ентузијазам говореле за „новата возбудлива криптовалута што ќе биде поголема од биткоин“. По неколку месеци, измамата испливала на површината, а Игнатова потонала во тајност, побогата за стотици милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Македонија и Бугарија имаат најмали цени на…

Сезоната на пролетните одмори е пред нас…