И во Германија има дојави за бомби, не само кај нас: Спасовски вели дека секоја дојава се третира максимално сериозно!

t

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на панел-дискусија „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи” во рамки на Петтата пленарна сесија на Национална конвенција за ЕУ во Македонија, што се одржува во Собранието, прашан за тоа како се справуваме како држава со хибридните закани, особено ако се земе предвид фактот дека многу училишта добија дојави за поставени експлозивни направи, рече дека во тој контекст се и дојавите за поставување на експлозивни направи во скопски средни училишта и оти во МВР прашањето се третира со максимална сериозност.

-Сите дојави од страна на МВР се третираат со максимална сериозност и се преземаат сите активности: откако ќе се спроведе евакуацијата, се обезбедува заштитен периметар и се пристапува кон антитерористичка проверка на објектите и околината, при што се ограничува и пренасочува сообраќајот.

Притоа, Македонија не е некој исклучок за ваквите хибридни напади т.н. лажни дојави за бомби. Напротив, на ваков тип напади масивно се изложени и соседните земји – како на пример: Србија, Хрватска и Црна Гора, а и подалечните, како Нов Зеланд, Канада, САД, Германија итн. Без разлика на зачестените закани, Министерството на секоја закана ѝ приоѓа со максимална професионалност и сериозност, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…