И да ни се разделат патиштата, ова да го направиме како цивилизирани и семејни луѓе, рече Лога и повика на смиреност во Алијанса

t

И да ни се разделат патиштата, ова да го направиме како цивилизирани и семејни луѓе. На ова денеска апелираше генералниот секретар на Алијанса за Албанците (АА) и министер за правда Кренар Лога откако за помалку од 24 часа во партијата се случија два одвоени инцидента кои следеа по отворениот раздор меѓу актуелниот и поранешниот претседател на АА, Арбен Таравари и Зијадин Села околу настапот на партијата на следните избори.

Лога повика на самоконтрола и смиреност кај членството додека, како што рече, сите во партијата се обидуваат да го изнајдат правиот и вистинскиот пат.

„Можеме да имаме недоразбирања и несогласувања, но воопшто не треба да се одалечиме еден од друг од нашата заедничка куќа. Додека сите заедно се трудиме да го изнајдеме правиот и вистинскиот пат, повикуваме на самолонтрола и смиреност. Ние сме поминале многу настани заедно, како радосни така и тажни. Заради тоа апелираме и да ни се разделат нашите патишта, ова да го направиме како цивилизирани луѓе и семејни луѓе“, пишува Лога во објавата на Фејсбук.

Освен што повика на смиреност, Лога го осуди вчерашниот напад на членови на Алијанса за Албанците, меѓу кои и директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, како и денешниот инцидент кога пред куќата на партискиот лидер Арбен Таравари беше пронајден наиспукан куршум од калашников.

„Го осудуваме секој ваков чин на насилство од кого било. Насилството не е решение. Нека полициските органи го обелоденат случајот и виновниците да се изведат пред лицето на правдата. Сме биле толку многу пати заедно што ни треба за да си го одржиме достоинството пред членовите на нашите семејствата“, додаде Лога.

Двата одвоени инцидента во Алијанса следуваат по силната поделба меѓу поранешниот лидер и претседател на Централното собрание, Зијадин Села, и актуелниот претседател на АА, Арбен Таравари, околу тоа дали партијата на претстојните парламентарни избори треба да оди самостојно или заедно со опозициските партии на Албанците.

Таравари е за заеднички изборен настап на Алијанса со опозициските партии на Албанците, а Села се повикува на одлуката на Централното собрание на партијата според која, АА треба има да има самостоен настап на изборите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…