И двајцата играа за Македонија, а сега ја носат Албанија на Евро 2024

t

Токму на крилјата на скопјанецот Јасир Асани и кумановецот Таулант Сефери, нашиот западен сосед Албанија синоќа ја совлада Чешка со 3-0 и речиси да се пласира на Европското првенство наредната година, кое ќе се оддржи во Германија.

Асани со голчиште од 25 метри само ја напна чешката одбрана, за потоа Сефери да ја запечати победата со два гола, што предизвика делириум на трибините, каде што беше присутна цела албанска елита, но и низа наши политичари, етнички Албанци.

Сепак, добро е да се знае дека и двајцата фудбалери кои синоќа тресеа мрежи за Албанија, во минатото играа за македонските репрезентации.

Асани беше дел од генерацијата која обезбеди пласман на младинското ЕП за играчи до 21 година, во 2017 година. За најталентираната македонска генерација одигра четири натпревари.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НА…

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…

Песков се согласува со Трамп: Украина веќе…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше…

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…

Цените на нафтата се намалија денеска откако…

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на…

„Добар ден на сите, би сакал да…

ЈО за отворање случај за Алта банка:…

Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на…