И денес хаос на граничните премини: Се чека околу еден час

t

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини денеска е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час.

Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Табановце и Богородица за влез и…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Приведен Грузиец, нудел поткуп на Табановце

Приведен е Грузиец поради нудење поткуп, соопштија…

Лица со фалсификувани патни исправи фатени на…

На 19.01.2024 во 10.20 часот на Граничен…

Колони возила на Табановце

Колони возила чекаат да влезат од Србија…

И за влез и за излез од…

Зголемена е фреквенцијата на возила на ГП…