И денес хаос на граничните премини: Се чека околу еден час

t

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини денеска е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час.

Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колони на Табановце: Отворени осум пунктови за…

По големиот сообраќаен метеж и километарските колони…

Одобрени се еколошките процедури од Бугарија, преминот…

Бугарските институции надлежни за заштита на животната…

600 куршуми пронајдени во автобус запрен на…

Во автобус кој е запрен на граничниот…

Српски државјанин сакал да изнесе 94.000 евра…

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот…