И доктор Даниловски бара „тотален ресет“
Здравство на стаклени нозе, политиката поважна од науката, бизнисот поважен од човечките животи… ова се само дел од дијагнозите кои епидемиологот д-р Драган Даниловски ги даде после двете години пандемија во Македонија.
„Што заклучивме по две години пандемија?
Дека имаме здравствен систем на стаклени нозе.
Дека немаме стратегија за глобални кризи со голем број жртви.
Дека немаме доволно медицински кадар и материјални ресурси за адекватен одговор при зголемен притисок врз здравствениот систем.
Дека немаме капацитет за целосно спроведување на било какви мерки.
Дека политиката е поважна од науката.
Дека бизнисот е поважен од човечките животи.
Дека лекувањето на болните од ковид е воглавно импровизација, зашто т.н. протоколи не се издигнати на ниво на законска обврска.
Дека еснафските здруженија се мртво слово на хартија.
Но и:
Дека народот нема доверба во институциите на власта.
Дека огромно мнозинство нема чувство за заедништво, за заеднички општествен интерес.
Дека нема трошка емпатија за страдањата на својот ближен.
Дека основната смисла на животот ја гледа во кафеаните, журките.
Дека образованието ни е катастрофално.
Дека, заради тоа, огромно мнозинство граѓани веруваат повеќе во теории на заговор, отколку на науката.
Ако ни е за утеха, се покажа дека тоа не е само кај нас така. Целиот Запад покажа, помалку или повеќе, исти симптоми.
Пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми.
Но, заклучивме и дека „несреќата никогаш не доаѓа сама“!
Дефинитивно е време за тотален ‘ресет’“, напиша Даниловски на својот фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Финска заврши со поставување ограда на границата…
Финска, членка на НАТО, заврши со поставување…
Недоволна имунизација во Прилепско – опфатот далеку…
Прилепскиот регион се соочува со недоволен опфат…
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
26 пожари низ Македонија, 5 се активни
На ден 07.09.2026 година, до 18:00 часот,…
Средба на претседателот Гаши со катарскиот министер…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се…