И ЗА ПЛАТА ОД 800 ЕВРА НИКОЈ НЕ САКА ДА БИДЕ ОВЧАР – Сточарите од Дебарско сами си ги чуваат овците!

t

Сточарите од дебарскиот регион, покрај другото се соочуваат и со обезбедување овчари, па дел од нив се принудени оваа обврска да ја извршуваат самите.

Според Скендер Аме, претседател на друштвото на одгледувачи на овци „Даши“ е последица, главно на масовната миграција на населението во регионот.

-Познато е дека масовната миграција на населението во Дебар и регионот донесе проблеми во обезбедувањето на работна сила. Тоа го погодува и нашиот сектор каде сериозен проблем е обезбедувањето овчари иако месечната плата изнесува од 700 до 800 евра. Тука секако и незаинтересираноста на локалните жители да се занимаваат со оваа дејност. Поради тоа дел од сточарите се принудени сами да го обавуваат тоа – додава Аме.

Посочува дека до пред неколку години, бидејќи и тогаш имало недостиг од овчари, нив најмногу ги обезбедувале од албанските погранични населени места, нагласувајќи дека масовната миграција на младите и во соседна Албанија, овчари веќе не може да обезбедат и од таму.

Недостигот на овчари, нагласува Аме, е дополнителна причина за намалувањето на стадата овци на подрачјето на Дебар и Центар Жупа, кои членуваат во друштвото.

Ако до пред три-четири години на ова подрачје имаше над 40.000 грла овци, моментно нивниот број е околу 30.000. Годинава имаше и помал број јагниња за продажба или околу 7.000.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелските медиуми со различни резултати од излезните…

Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…

Очигледно вечерва во СДС на смена е…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Песков: Путин и Трамп не разговарале за…

Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…

Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…

На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…