„И Здравје и Работа“: Македонија мора одговорно да ги користи своите потенцијали за економски развој
Очигледно, кога недостигаат аргументи – најлесно е да се создава магла. Наместо дебата со факти, дел од таканаречените „еко-активисти“ продолжуваат со кампања на страв, навреди и дискредитации кон секој што ќе се осмели да постави прашање дали Македонија треба да ги користи сопствените природни ресурси.
Па дури и кога прашањето на маса го става највисока научна институција во Македонија – МАНУ. Сега и на академците кои ја работеле Стратегијата за геолошки истражувања и минерални суровини им кажуваат дека не знаат што зборат, а на медиумите кои ги пренесуваат заклучоците на МАНУ дека не знаат што пишуваат. Храбро, но далеку од разумот! А, дрскоста оди дотаму да и се закануваат на министерката Сања Божиновска со кривична пријава. Тие подобро ги разбираат законите и од судовите и од министрите!?
Јавно се претставуваат како „глас на народот“, а всушност сè повеќе наликуваат на политички активисти чија единствена стратегија е – ако нема аргумент, измисли заговор.
„Рудници не“, ама што потоа? Најлесно е да се каже „не“. Не за рудници. Не за инвестиции. Не за индустрија.
Но, никој не нуди реален одговор на најважното прашање: Како ќе се развива југоистокот на Македонија?
Додека младите си заминуваат, додека цели населени места стареат и се празнат, дел од активистите продаваат романтична приказна дека регионот ќе преживее само од туризам и лозја. Убаво звучи за на Фејсбук статус, но реалноста е многу посурова.
Без нови инвестиции, без индустрија и без економија – нема ниту млади, ниту развој, ниту иднина.
Со години наназад се шири истата матрица – заплашување, апокалиптични сценарија и етикетирање на секој што мисли поинаку. Наместо научна дебата, слушаме приказни за „отровен воздух“, „масовни труења“, „пустини“ и „катастрофи“, без да се направи разлика помеѓу модерно рударство и практики од минатиот век. Се раскажуваат „хорор приказни“ за цијанид и отрови, а фактот дека цијанид не само што нема да се користи туку е и забранет со Законот за минерални суровини се игнорира бидејќи им ги урива напорите за ширење страв.
Во меѓувреме, Европа, САД, во регионот Грција и Бугарија работат на отворање на нови рудници, исти како рудникот „Иловица – Штука“, бидејќи знаат дека без нив нема енергетика, батерии, електрични возила и зелена транзиција. Но, само кај нас инвестиции во рудници со капитал од САД, (рудникот за антимон во Крива Паланка) и Канада (рудникот Иловица – Штука) се држат во заложништво. Доволно си го покажавте вашето анти-НАТО и анти-ЕУ лице напаѓајќи ги инвестициите кои доаѓаат од западноевропски држави, а молчите за оние чие руско сопствеништво е докажано.
Само кај нас секоја дискусија за рударство се претвора во лов на вештерки.
Повеќе од 1.500 луѓе досега се пријавиле за потенцијално вработување во проектот „Иловица-Штука“. Тоа не се „ботови“, „платеници“ или „лобисти“. Тоа се луѓе што сакаат работа, сигурност и перспектива во сопствената држава. И нивниот глас заслужува да се слушне.
Никој не бара слепо да се прифати било каков проект. И ние се заложуваме за отворање на рудникот единствено преку имплементација на највисоки стандарди за заштита на животната средина и користење на најсовремената достапна технологија за експлоатација.
Апелираме до Владата, институциите и општини да не носат одлуки под притисок на гласни групи кои со години ја држат јавноста во страв. „Иловица-Штука“ не е само рудник. Тоа е прашање дали Македонија ќе има храброст да разговара за индустриски развој, модерна инфраструктура, добро платени работни места и економија што ќе ги задржи младите дома
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„И Здравје и Работа“: Македонија мора одговорно…
Очигледно, кога недостигаат аргументи – најлесно е…
Трамп реагира по нападот во близина на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, реагираше по…
Унгарија забрани увоз на украински земјоделски производи…
Унгарската влада донесе одлука за забрана на…
Скопјанец осомничен за насилство врз дете
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Насилник ќе одговара: Физички и психички малтретирал…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…