И Косово го снемува: Амбасадата на Швајцарија издала речиси 42.000 визи минатата година

t

Амбасадата на Швајцарија во 2022 година на Косово издала 41.733 визи, двојно повеќе од 2021 година, кога биле издадени 20.259 визи, пишува сајтот „Albinfo.ch“.

Тоа се првенствено визи од типот „Visa C“ и „Visa D“.

Минатата година Амбасадата во Приштина издаде 39.483 визи од категоријата „Ц“ за семејни, деловни и туристички посети, како и 2.250 визи „Д“, кои главно се наменети за обединување на семејството, работни визи и студентски визи.

Визата од типот „Ц“ му овозможува на сопственикот да остане во Шенген зоната до 90 дена.

Наменета е за туристички или семејни посети, службени патувања, краткорочни јазични курсеви или за учество на активности и конгреси.

Визата од типот „Д“ овозможува престој подолг од 90 дена.

Оваа виза е погодна за долгорочен престој заради студирање, работа, брак или обединување на семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…

Нема договор меѓу Белград и Приштина за…

По речиси шест часа разговори, и денеска…

Српска листа: Од доаѓањето на Албин Курти…

Нападот и грабежот на Петар Костиќ (20)…

Kурти смета дека местото на Косово е…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин…

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите…

Европскиот парламент изгласа визна либерализација за имателите…