И Курти ја оправда косовската полиција: Овозможија новите градоначалници да си влезат на работното место
Премиерот на Косово, Албин Курти денеска одржа средба со командантот на КФОР, генерал Анџело Микеле Ристучи, на која рече дека општинските објекти се сопственост на Косово и дека „косовската полиција е посветена да им овозможи на новоименуваните градоначалници на северните општини пристап до нивните работни места“.
„Слободата на движење, владеење на правото, безбедност и заштита, за сите граѓани на Косово, без разлика на политичкото убедување или потекло, етничка и верска припадност, е приоритет и интерес на сите“, рече Курти, во неговата изјава.
Тој додаде дека безбедносните институции мора да соработуваат за да гарантираат безбедна и мирна средина за сите.
„Премиерот Курти посочи дека градоначалниците на општините, избрани на слободни и демократски избори, мора да ги извршуваат своите должности и одговорности и непречено да обезбедат квалитетни јавни услуги за сите граѓани“, се додава во соопштението.
Курти нагласи дека „новите градоначалници ќе им служат на сите граѓани, без разлика и дискриминација“, јави Танјуг.
Косовската полиција рано денеска упадна во зградите на општините Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, каде се собраа граѓани во обид да го спречат нивниот влез.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…