И Македонија ја бојкотира инаугурацијата на Путин

t

По инструкции на Министерството за надворешни работи, амбасадорот на земјава во Руската Федерација, Ненад Колев, не присуствуваше на денешната церемонија во Москва, со што Македонија им се придружи на САД и повеќето членки на ЕУ кои решија да ја бојкотираат инаугурацијата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска положи заклетва за нов шестгодишен мандат, кој е петти негов откако дојде на власт во 2000 година. Во краткиот инаугуративен говор, тој не ја исклучи можноста за дијалог со Западот, но, како што рече, тој треба да биде под рамноправни услови

Македонија се приклучи кон Соединетите Американски Држави, Канада, Германија и мнозинството земји членки на Европската Унија (ЕУ) чии амбасадори и дипломатски претставници не присуствуваа на инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин.

На церемонијата во Москва денеска не присуствуваше ни амбасадорот на земјава во Руската Федерација, Ненад Колев.

„Во однос на вашите прашања, информираме дека по инструкција на министерот за надворешни работи, амбасадорот на Република Македонија во Руската Федерација, Ненад Колев, нема да присуствува на инаугурацијата на претседателот на Русија“, одговориле од МНР за 360Степени.

Инаку, Русија ги покани шфовите на сите странски дипломатски претставништва во Москва на инаугурацијата на Путин, но Соединетите Американски Држави (САД) и повеќето земји на Европската Унија (ЕУ) решија да ја бојкотираат церемонијата.

Но, членките на Унијата не беа унисони за ова прашање. Франција и некои други држави решија да испратат свои делегации на денешната церемонија во Москва, и покрај молбите на официјален Киев да не го прават тоа.

САД и повеќето европски држави ќе ја бојкотираат инаугурацијата на Путин

Балтичките земји, кои веќе немаат свои претставници во руската престолнина, категорично ја отфрлија можноста да присуствуваат на инаугурацијата на Путин.

Инаку, Македонија целосно ја усогласи својата надворешна политика со онаа Европската Унија во однос на Русија по нејзината инвазија на Украина во февруари 2020 година и се приклучи кон санкциите што беа воведени кон Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска положи заклетва за нов шестгодишен мандат, кој е петти негов откако дојде на власт во 2000 година.

Во краткиот инаугуративен говор, тој не ја исклучи можноста за дијалог со Западот, но, како што рече, тој треба да биде под рамноправни услови, пренесува Ројтерс.

Путин, исто така, рече дека Русија е отворена за развој на односите со другите земји што ги опиша како „мнозинство во светот“.

Говорејќи за рускиот државен систем, Путин рече дека тој треба да биде отпорен на какви било закани и предизвици.

Инаку, на инаугурацијата, покрај дипломатски претставници и странски делегации, присуствуваа, како што пренесува „Гардијан“, и неколку „шарени ликови, меѓу кои и американскиот актер во акциони филмови, Стивен Сигал“.

На церемонијата беше присутен и Александар Залдостанов познат и како Хирургот, лидер на моторџискиот клуб „Ноќни волци“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагично згасна животот на 18 годишен матурант…

Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово…

СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕРОТ НА ЛИДЕРОТ НА ИРАН!…

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси доживеа…

Мицотакис ја повикува Сиљановска Давкова да избегне…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку интервјуто за…

Таравари: Сѐ уште е рано за да…

Колку министерства ќе води Коалицијата „Вреди“ во…

Мицкоски: Ќе водиме принципиелна политика со соседите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан…