И Максо имал фирма во Бугарија, а има ли и шема за перење на пари во Македонија?

t

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски поседува удел во компанија во соседна Република Бугарија, а во Македонија се бори против „бугаризација“… или можеби против влез во ЕУ, само на поелегантен начин, спакуван во панделка на патриотизам.

Фирмата МБС ГЛОБАЛ е регистрирана на 07.08.2015 година со адреса на булевар „Стефан Караџа“ во Бургас и според описот компанијата се занимава со трговија на големо, но на непрехранбени производи.

Димитриевски е содружник во компанијата со удел од 20%, односно за основање на истата вложил 400 лева. Содружници се и Христо Христов Трошанов кој е бугарски државјанин, Зоран Чекеревац кој е српски државјанин и Бобан Серафимовски, Македонец кој ја основал компанијата со буарски пасош.

Димитриевски за Инфомакс ја потврди информацијата дека има удел во компанијата.

– Тоа е фирма која сум ја регистрира заедно со содружници и никогаш немала актива туку само е основана и не функционирала никогаш, вели Димитриевски за Инфомакс. Како што нагласи фирмата е пријавена во анкетниот лист од 2015 година.

Доколку го погледнете претходниот документ и анкетниот лист, фирмата е пријавена, процентот на уделот е ист како и во договорот, меѓутоа сумата која е пријавена како вредност е различна. Во документите на бугарски јазик пишува дека Димитриевски вложува 400 лева, што е околу 12.000 денари, додека во анкетниот лист поднесен до ДКСК тој наведува дека вредноста на уделот е 24.800 денари.

Зошто фирмата е основана, ако планот не бил да работи и зошто се уште постои, останува нејасно.

Дополнително, сопругите на Димитриевски и Серафимовски имаат друга компанија, во Македонија, АЈФИКС ДОО Доброшане Куманово.

Компанијата Ајфикс е основана на 25.12.2015. Ајфикс неколку пати ги снабдувала дел од институциите во Куманово со макетијали, а има и една донација за која Димитриевски јавно се заблагодарува.

Многу романтично, а воедно и рекламирање на фирмата на сопругата од позицијата градоначалник на Куманово.

Ајфикс добило помали суми на пари од две училишта во Куманово, односно од ООУ Кочо Рацин и ОСТУ Наце Буѓони.

И сумите не се проблем, проблем е што Максим Димитриевски и Бобан Серафимовски имаат и компанија во Македонија, која моментално е во стечај.

Компанијата МБ-ИНЦ ДОО увоз-извоз Куманово, со седиште на ул. „Доне Божинов“ бр. 70 Куманово е во стечај, а во одборот на доверители е нормално компанијата на сопругите, Ајфикс која ќе ја добие стечајната маса од компанијата на нивните сопрузи.

Народот вика „нека врти парата“, а во случајов врти и тоа низ двете фамилии со три фирми, од кои една во Бугарија. Каква стечајна маса има компанијата, од каде се примањата кои ги имала и дали станува збор за шема за перење на пари секако ќе треба да проверат надлежните институции, МВР, ОЈО и Управата за финансиска полиција.

Многу патриотски, нема што. Скоро колку лавовските изјави на Максим Димитриевски пред изборите, кога неговите гласачи се уште не знаеја дека има фирма во Бугарија.

„Во мојот град нема да се тргаат натписите на спомен плочите кадешто пишува бугарски фашистички окупатор, затоа што тој бил окупатор, не бил администратор. Значи, нас не окупира. Ако се сеќавате во периодот на окупација, доаѓаат бугарските војски во Македонија, тоа е свежа историја, ги чекаат на одредени места и градови со леб, сол и погача. Ја делат Македонија до Групчин и тоа ја потврдува желбата за чиста окупација и припојување на територија“, потенцираше градоначалникот Димитриевски.

На прашањето на водителката кога Бугарите ќе бидат запишани во Уставот тој рече:

„Бугарите ќе бидат запишани во Уставот без никаков проблем кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба Бранка во Благоевград ќе може да биде Македонка, а не Бугарка. Ќе си најдете начин барем една декларација во Парламентот ќе донесете кадешто ќе го признаете Македонското малцинство“, рече тој.

Дали се излажани, нека си оценат гласачите кои во ЗНАМ бараа подобра верзија од СДСМ, или чамец за спасување од бродот што предизборно тонеше, но редно време е политичарите да бидат искрени и да признаат дека ЕУ им пречи во нивните криминали, во перењето на пари низ фирми во соседни држави и Македонија, им пречи на спорните тендери и злоупотреби на државниот буџет.

Дека не треба да влеземе во ЕУ ви зборуваат оние кои имаат бугарски пасоши, по неколку фирми во ЕУ, куќи и станови во земји членки на ЕУ и цели бизниси и капитал во тој лош Запад.

Потсетуваме дека Инфомакс претходно објави ексклузивни документи за врската на Максим Димитриевски со ЛИДЛ и зошто ЛИДЛ купи земјиште од кумот на Максим Димитриевски за 600.000 евра, како со 2.500 евра се купуваат два станови од осум милиони денари во Куманово.

Објавивме и документи за бугарски фирми на истакнати партиски и владини функционери од ВМРО-ДПМНЕ, за бугарскиот пасош на Сања Божиновска и родинините со бугарски пасоши во семејството на Мицкоски.

Прочитајте ги деталите на линковите во продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Максо имал фирма во Бугарија, а…

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски поседува…

Орбан: Поддршка за Бугарија за пристапување во…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја е…

Бугарија ги заменува системите за противвоздушна одбрана

На 7 октомври беше потпишан дополнителен договор…

Бугарското МНР за патот на Македонија: Процесот…

„Скопје го прогласи својот главен надворешнополитички приоритет…

Силен земјотрес во Романија, почувствуван и во…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…