И Маричиќ се испофали за средбата со Сорос: Поддржуваме идеи за развој на демократско општество

t

Денеска во рамки на рамки на Минхенската конференција за безбедност, вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ заедно со премиерот Ковачевски се сретнаа со претседателот на Фондацијата Отворено општество Џорџ Сорос и заменик претседателот, Александар Сорос.

„Поддржуваме идеи и иницијативи кои водат кон стабилност и развој на демократското општество“, напиша после средбата вицепремиерот Маричиќ на својот Фејсбук профил.

На состанокот било разговарано за евроинтеграцискиот процес, регионалната соработка, реформите и за можностите за унапредување на соработката во областите кои ќе бидат приоритетни за Македонија во оваа фаза од пристапните преговори и кои ќе го забрзаат процесот, како владеењето на правото и функционирањето на демократските институции.

Интегрален текст од објавата на вицепремиерот Маричиќ:

„На средбата со основачот на Фондацијата Отворено општество, Џорџ Сорос и заменик-претседателот Александар Сорос, се согласивме дека промоцијата на демократските вредности и регионалната соработка се импулс за економски развој, поголема мобилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Поддршката која во континуитет ја имаме од Фондацијата во реформите, преку проекти во различни области и пренесување на добри практики, значи побрз пристап кон европската интеграција.

Благодарни сме за досегашната помош и како Влада сме отворени за унапредување на соработката со нашите пријатели од Отворено општество, особено во областите кои за нас во моментов се клучни за преговорите со ЕУ, а тоа се владеењето на правото и функционирањето на демократските институции“, пишува во објавата на Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претставник на ОН го нападна Сорос…

Однесувањето на еврејскиот милијардер е „срамно“, но…

Орбан со закон ќе ги контролира странските…

Унгарската владејачка партија Фидес планира да поднесе…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…

Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…

Европската Унија работи на паралелни реформи во…

Блумберг: Сорос масовно ги затвора невладините поради…

Сорос почна со масовно затворање на невладините…