И Мицкоски се збогуваше со папата: Неговите зборови секогаш охрабруваа
Премиерот Христијан Мицкоски изрази длабока тага по повод смртта на Неговата Светост, Папата Франциско, нарекувајќи го духовен водач кој остави неизмерно хуман, чесен и посветен траг во историјата на современиот свет.
„Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или нацијата. Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност и морална храброст,“ се вели во изјавата на премиерот.
Тој посочи дека папата Францискo низ годините постојано ја изразуваше својата поддршка за Македонија, за нејзините напори за мир, соживот и почитување на различностите.
„Неговите зборови секогаш охрабруваа, а неговиот однос кон нашиот народ беше исполнет со топлина и почит,“ додаде премиерот Мицкоски.
Во свое лично име, во име на Владата и на сите граѓани, премиерот упати најискрено сочувство до Ватикан, Католичката црква и сите верници кои денес тагуваат.
„Вечна му слава и благодарност,“ заврши тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…
Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…
Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…
Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…
Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…
„Јас жалам повторно што дури и оваа…
Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…
Јас не можам да зборувам од аспект…
(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…
Во чeст на 35 годишнината на независноста,…