И не им доаѓа паметот: 334 казни за едно деноноќие само во Скопје
– Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 334 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 200 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла).
Како што се наведува во соопштението од полицијата, изречени се две мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…