И оваа Нова Година ја дочекуваме со коронавирусот, но и со надеж дека наскоро ќе и дојде крај на пандемијата

t

Светот денеска почна да влегува во новата година, која граѓаните ја чекаат со надеж дека ќе донесе помали ограничувања поради пандемијата на корона вирусот.

Во 2022 година први влегоа граѓаните на пацифичките држави Кирибати, Самоа и Тонга, а потоа Нов Зеланд и Австралија.

Новогодишните прослави се организирани во Австралија и покрај големиот скок на бројот на нови заразени со корона вирусот.

Илјадници огномети го осветлија небото над Сиднеј на полноќ (14.00 часот по средноевропско време), според Асошиетед прес.

Неколку часа пред почетокот на прославата, австралиските власти пријавија рекордни 32.000 нови инфекции, од кои многу се регистрирани во Сиднеј.

Вирусот придонесе за многу помалку луѓе на улиците на Сиднеј отколку во годините пред пандемијата, кога се собраа милион луѓе.

Нов Зеланд се одлучи за поумерен пристап, а наместо спектакл со огномет во Окленд, глетките се „обоени“ со светлина.

Властите на Нов Зеланд се обидоа да го обесхрабрат собирот на голем број луѓе, иако ширењето на новиот омикрон сој на корона вирусот сè уште не е забележано во таа земја.

Новата година ја дочекаа и во Јапонија, Јужна Кореја и Кина.

Низ целата планета, новогодишните прослави се ограничени или откажани втора година по ред поради ширењето на корона вирусот, овој пат поради појавата на сојот омикрон.

Но, дури и пред да почне да се шири омикронот, многу луѓе едвај чекаа да се збогуваат со втората тешка година од пандемијата.

Фактот што ширењето на омикрон досега не резултираше со толку голем број хоспитализации и смртни случаи како некои претходни видови на вирусот, особено меѓу вакцинираните, донесе трошка надеж за 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

Големи загуби за Фајзер откако “Ковид-лековите” ја…

Фајзер во вторникот објави поголема од очекуваната…