И ова го има кај нас: Двајца хирурзи се тепале во тетовската болница!

t

Двајца хирурзи на Клиничката болница во Тетово физички се пресметале меѓу себе. Инцидентот се случил денеска напладне во хируршкото одделение. Како што соопштија од управата на болницата, ова не е прв пат да има вакви пресметки меѓу овие двајца хирурзи. За тепачката меѓу двајцата хирурзи е известена полицијата, а од управата на тетовската болница најавија дека ќе формираат комисија која точно ќе провери што се случило меѓу двајцата лекари и ќе преземе мерки против нив. Од СВР Тетово велат дека се известени за случајот и дека се преземаат сите мерки за расветлување на случајот. Според неофицијални информации, се сомнева дека при тепачката бил употребен тврд предмет.

„Можеме да потврдиме дека денеска околу 13 помеѓу двајца хирурзи, во Клиничката болница во Тетово, се случило тепачка. Не можеме да ги дадеме имињата на лекарите поради презумпција на невиност додека судскиот орган не ја утврди вината. Иницијалите се Д.Х. и З.С. Директорот на болницата лично комуницирал со Полициската станица во Тетово и со началникот на полицијата и очекуваме надлежните да постапат. Во рамките на нашите надлежности, дефинитивно ќе преземеме мерки, но случајот во моментов го води полицијата. Откако ќе имаме одлука за едното или за другото или за двете заедно, ќе ги преземеме потребните мерки согласно Законот“, вели Валон Абдилхамити – Тетовска болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…

Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…

Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…

Србија наскоро би можела да добие претседател…

Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…

Врховниот суд на Канада го остави во…

Со нож ја ограбил среде кафуле во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…

Американската армија онеспособила брод што се обидел…

Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…