И официјално: Белата куќа го прогласи почетокот на руската инвазија на Украина
Висок функционер на Белата куќа ја обвини Русија за „инвазија“ на Украина со испраќање војници во сепаратистичките региони Луганск и Доњецк.
Забелешките на заменик-советникот за национална безбедност Џон Финер претставуваат реторичка промена на администрацијата на Бајден, која во понеделникот се спротивстави да ги нарече најновите руски потези во Украина инвазија, откако со месеци предупредуваше за военото засилување на Русија долж границата со Украина и зголемена агресија во регионот.
„Сметаме дека ова е, да, почеток на инвазија, најновата руска инвазија во Украина“, рече Финер во интервјуто за Си-Ен-Ен, мислејќи на руските трупи кои се движат во т.н. републики контролирани од силите поддржани од Русија.
„Мислам дека „најновата“ е важно да се потенцира“, рече Фајнер. „Инвазијата е инвазија и тоа е она што е во тек, но Русија ја напаѓа Украина од 2014 година“, кога Русија го анектираше полуостровот Крим.
Притиснат за тоа дали дејствијата на Русија се инвазија или едноставно почеток на обновен упад во Украина, Фајнер рече: „Не знам колку можам да бидам појасен. … Ова е почеток на инвазијата“.
„Мислам, повторно, претпоставувам по трет или четврти пат, тоа го нарекувам инвазија“, додаде Фајнер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведено цело семејство: Се тепале во семејниот…
На 27.08.2026 во 23:30 часот на ул.„Бутелски…
Венецуелка претепана од жител на Косово во…
На 27.08.2026 во 11:20 часот во ПС…
Повеќе од 100.000 Руси заминаа за Грузија…
Русите масовно ја напуштија земјата есента 2022…
Од 310 примени кандидати, само 11 се…
Власта систематски ги исклучува Албанците од структурите…
МАНУ ГО ПРЕПОЗНА БАКАРОТ И ПОВИКА НА…
На Македонија ѝ е потребно рударство кое…