И подмладокот на СДСМ побара оставка од пратеникот Попов кој пред 10 години учествувал во сообраќајка во алкохолизирана состојба
По подмладокот на Левица, и СДММ побара оставка од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов откако беше објавена пресуда од пред 10 години како бил осуден поради тоа што без возачка дозвола и под дејство на алкохол прегазил жена, која за среќа не го загубила нејзиниот живот.
Од СДСМ потенцираат дека вакво неморално однесување е во суштина идентично како однесувањето на сторителот на сообраќајката на младата Фросина.
-Убиецот на Фросина е во затвор, а Сергеј Попов е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Ете какво е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, сосема спротивно на се што младите сакаат и за што се борат и залагаат.
После ова ниту Попов ниту ДПМНЕ немаат право јавно да ги повикуваат младите, ниту на протести ниту да ветуваат промени. Не може осуден за несовесно возење без положен возачки испит, за возење под дејство на алкохол и за предизвикување сообраќајна несреќа, да зборува за правда и системски реформи, изјави претседателот на подмладокот на СДСМ, Трајче Стојчевски.
Во пресудата точно се наведени сите околности под кои се случила сообраќајката.
Попов пред неколку дена, по смртта на младата Фросина Кулакова, порача дека граѓанска должност на секој поединец е да го крене гласот против нефункционалниот систем.
-Убиството на младата Фросина е доказ дека главната борба треба да биде насочена кон тоа да добиеме судии и обвинители кои ќе ја вршат својата работа и нема да дозволуваат апсени криминалци да шетаат по нашите улици. Заедно со моите колеги од УМС, денес ќе се придружиме на протестниот собир пред Силбо, да изразиме сочувство за Фросина, како и револт против системот кој убива, стои во објавата на Фејсбук на поранешниот лидер на УМС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…